close
Избери јазик

  • English
  • Macedonian
  • German formal - Sie
Top Panel
Language
Top Panel
   
PDF Испечати Е-пошта
Незадржување

Уринарно Незадржување
Дали Ви е непријатно да одите на лекар поради неможноста да ја контролирате бешиката? Нема потреба. Постои лек.
Неможноста на контрола на бешиката се нарекува уринарно незадржување. Може да му се случи на секој, но почесто се појавува кај постари лица. Барем 1 во 10 лица постари од 65 години се соочуваат со оваа потешкотија. Симптомите имаат дијапазон од благо течење до неконтролирано мокрење. Оваа потешкотија е покарактеристична за жените отколку за мажите.
Стареењето не доведува до незадржување. Може да биде предизвикано од многу причини. На пример, инфекции на уринарниот тракт, вагинална инфекција или иритација, констипација и извесни лекарства кои за кратко време можат да предизвикаат нарушувања во нормалното функционирање на бешиката. Напати оваа потешкотија може да трае подолго време. Тоа може да биде резултат од некои од следните нарушувања:
  • слаби мускули на бешиката,
  • хиперактивни мускули на бешиката,
  • блокирање како резултат на претерано зголемена простата,
  • оштетување на нервите кои ја контролираат бешиката како резултат на мултиплекс склерозата или Паркинсоновата болест, или
  • заболувања како што е артритисот кои го прават движењето болно и бавно.

Многу луѓе кои страдаат од проблеми со контрола на бешиката го кријат овој проблем од сите, дури и од своите лекари. Нема потреба од такво нешто. Во најмногу случаи уринарното незадржување може да се лечи и да се држи под контрола, ако веке не може потполно да се отстрани. Доколку се соочувате со ваков вид на потешкотија, не страдајте сами. Зборувајте со Вашиот лекар.
Image

Контрола на Бешиката
Телото ја чува урината во бешиката. При мокрење, мускулите во бешиката се грчат и отпуштаат. Ова ја исфрла урината надвор од бешиката преку цевка наречена уретер која ја изнесува урината надвор од телото. Истовремено, мускулите околу уретерот се опуштаат и и дозволуваат на урината да помине. Рбетните нерви го контролираат движењето на овие мускули. Незадржувањето се појавува доколку мускулите на бешиката се згрчат или мускулите околу уретерот ненадејно се опуштат.

Дијагноза
Првиот чекор при третманот за проблеми со контрола на бешиката е да се оди на лекар. Лекарот ќе Ви направи физички преглед и ќе Ви отвори здравствено досие. Потоа ќе Ве праша за симптомите кои ги имате и дали пиете некакви лекарства. Исто така ќе сака да знае дали неодамна сте биле болни или дали сте имале операција. Може да Ви направи и повеке тестови. Некои од тестовите вклучуваат: тестови на урина и крв, и тестови кои покажуваат како ја празните бешиката.
Потоа, лекарот може да побара од Вас да водите дневна грижа околу времето кога уринирате и кога мокрите без задржување. Распоредот на мокрењето и мокрењето без најава може да укаже на обликот на незадржување кој го имате.

Третман
Денес постојат многу третмани за уринарно незадржување. Изборот на третман зависи од видот на проблемот кој го имате, колку е сериозен и кој најмногу ќе Ви одговара на Вашиот начин на живот. Општо земено, наједноставните и најбезбедните третмани се оние кои најпрво се применуваат.

Вежби за Контрола на Бешиката
Лекарот може да Ви предложи да се обидете повторно да ја воспоставите контролата на бешиката преку вежбање. Со вежбање на бешиката можете да го промените начинот на кој бешиката ја чува и испушта урината. Постојат некоку начини за тоа:
Вежби на карличните мускули (познати и како Кегел вежби) дејствуваат на мускулите кои ги употребувате да престанете да мокрите. Со зацврстување на овие мускули ќе си помогнете при задржување на урината во бешиката подолго време. Овие вежби се лесни. Можат да Ве ослободат или да го намалат стресот и нагонот на ненадејно мокрење.
Кегел Вежби - Мускулите кои треба да ги зацврстите се карличните. Тие се оние кои го спречуваат протокот на урината и кои го спречуваат испуштањето на гасови. Често лекарите препорачуваат стегање и држење на мускулите стегнати извесно време, за потоа истите да се опуштат. Оваа вежба ја повторувате повеке пати. Повторувајте ја повеке пати на ден. Лекарот ќе Ви ги даде точните упатства.
Биотерапијата Ви помага да станете посвесни за сигналите кое Ви ги испраќа Вашето тело. Ова може да помогне при повторното воспоставување на правилното функционирање на мускулите на бешиката и уретерот. Биотерапијата помага во успешноста на вежбите на карличните мускули.

Временскиот период и вежбање на бешиката можат да помогнат во воспоставување на контролата. Во периодот кога не мокрите, водете дијаграм во врска со мокрењето за да ја одредите правилноста со која се појавуват ваквите испади. Штом ќе го научите тоа, можете и плански да ја празните бешиката пред нападот. Во комбинација со биотерапијата и вежбите на карличните мускули, овие методи можат да помогнат при појавата на уринарното незадржување.

Терапија
Покрај контролирањето на бешиката, постојат и други начини за справување со незадржувањето:
Напати лекарите предлагаат мала, потрошна направа; мал чеп во форма на тампон во уретерот; или вагинален имплант наречен песар за жените кои страдаат од оваа потешкотија.
Лекарот може да препише и лекови за незадржувањето. Некои лекови ги спречуваат несаканите контракции на бешиката. Некои ги опуштаат мускулите, помагајки и на бешиката пообилно да се испразни во текот на мокрењето. Други ги стегаат мускулите во бешиката и уретерот за да се намали протокот на урина. Овие лекови напати можат да предизвикаат секундарни ефекти како што се сушење на устата, проблеми со очите или израстоци на бешиката. Вагиналниот естроген може да се покаже како ефикасен кај жените во менопауза. Разговарајте со лекарот околу добрите и лошите страни оп употребата на овие лекарства подолго време.
Лекарот може да инектира имплант во подрачјето околу уретерот. Имплантот ја зголемува обемноста. Ова помага при затворањето на уретерот со што се намалува несаканото течење. Постапката може да се повтори по извесно време бидејки организмот полека ги отстранува овие импланти.

Напати на сцена може да стапи и хирургијата, доколку оваа потешкотија може да предизвика промена на положбата на бешиката или блокада како резултат на зголемена простата. Општиот оперативен зафат претставува поместување на бешиката нагоре и нејзино обезбедување. Кога има случаи на сериозно заболување, лекарот може да употреби широка цевка. Таа ја потпира бешиката и го стеснува уретерот со што се спречува несаканото мокрење.
Image
Можете исто така да купите специјална непропуслива долна облека. Не е обемна и може да се носи без проблеми под секојдневната облека. Доколку страдате од оваа потешкотија, разговарајте со лекарот. Запомнете, со лекарска нега, незадржувањето може да се лекува и често и потполно да се излечи. Дури и ако третманот не резултира во целосно позитивен исход, професионално испланираниот третман ќе Ви помогне да се чувствувате опуштено и удобно.