Епилепсија
Што е Епилепсија?
Епилепсија е нарушување во мозокот при кое сплетови од нервни келии, или неврони во мозокот напати укажуваат на некакво нарушување. При епилепсијата, нормалното функционирање на невронската активност се пореметува, предизвикувајки невообичаени појави, чувства и однесување или напати грчење, грчеви во мускулите и губење на свеста. Епилепсијата претставува нарушување од многу различни причини. Се што го нарушува нормалното функционирање на невроните - од болест до оштетување на мозокот па се до абнормалитет во развојот на мозокот - може да доведе до појава на напади. Епилепсијата може да се појави како резултат на некое нарушување во мозокот, нарушена рамнотежа на хемиските супстанции во нервниот систем наречени невротрансмитери или комбинација на повеке фактори. Доколку една личност има напад не значи дека има епилепсија. Само по појава на два или повеке напади се смета дека тоа лице има епилепсија.
Дали може да се излечи?
Штом се дијагностицира епилепсија, важно е да се започне со третманот што е можно побрзо. Околу 80 проценти од лицата кои имаат епилепсија, нападите можат да се контролираат со помош на современи медицински и хируршки техники. Некои лекарства против епилепсијата можат да го попречат ефикасното дејство на оралните контрацептивни средства. Во 1997 година, се воведе во употреба оралниот нервен стимулатор наречен вагус за лица кај кои нападите не можат да се контролираат само со лекови.
Каква е прогнозата?
Многу лица заболени од епилепсија можат да живеат нормално. Иако не постои ефикасен лек против епилепсијата, кај некои луѓе по извесно време целосно се губи. Најголем дел од нападите не предизвикуваат оштетување на мозокот. Луѓето заболени од епилепсија, посебно децата, не развиваат некои посебни бихевиорални или психички нарушувања, освен оние кои доаѓаат како последица од стравот дека ќе бидат малтретирани, задевани или избегнувани во училиштето и други проблеми од општествена природа. Кај некои лица заболени од епилепсија, ризикот од напади ја намалува нивната самостојност (во некои држави лицата со епилепсија не смеат да поседуваат возачка дозвола) и ги ограничуваат нивните рекреативни активности. Лицата заболени од епилепсија подложат на два високо ризични услови: состојбата наречена епилептикус и неочекувана смрт. Најголемиот дел од жените заболени од епилепсија можат да забременат, меѓутоа мора да се консултираат со својот лекар во врска со лекарствата кои ги примаат. Жените заболени од епилепсија во 90 проценти од случаите раѓаат нормални, здрави бебиња.
Какви истражувања се направени досега?
Научниците проучуваат нови лекарства против епилепсија со цел да го направат поефикасен третманот против епилепсија. Научниците продолжуваат да работат на тоа како невротрансмитерите се вмешуваат во функционирањето на нервните келии и како не-невронските келии во мозокот допринесуваат до појава на напади. Еден од најпроучуваните невротрансмитери е ГАБА, или гама-аминобутринската киселина. Научниците работат на одредување на гените кои можат да влијаат на појавата на епилепсија. Оваа информација може да биде од голема корист за лекарите за спречување на епилепсијата или во одредувањето на најсоодветниот третман за даден случај на епилепсија. Лекарите во моментов експериментираат со повеке нови начини на терапии за епилепсија, како што се трансплантација на неврони од свиња во мозокот на пациентите за да утврдат дали трансплантираните келии можат да ги контролираат нападите, со трансплантација на матични клетки и употреба на направа која е во можност да ги предвиди нападите 3 минути пред да се појават. Научниците постојано го усовршуваат МРИ и другите направи за скенирање на мозокот. Истражувањата покажаа дека во некои случаи, децата можат да имаат помали напади доколку се придржуваат кон одреден начин на исхрана - наречена кетогена диета - со повеке масти, а помалку јагленохидрати.
Напади
Епилепсија: Десет Совети за Лица кои имаат Напади
Гери Кордингли
1. Целта е нула напади и нула секундарни ефекти.
Доколку сеуште страдате од напади или посилни од најслабите секундарни ефекти од медицинските препарати кои ги земате, тогаш не сте ја завршиле работата целосно. Највисоката цел во процесот на справување со нападите е да ги спречите потполно и тоа без секундарни ефекти од третманот кој го користите да ги елиминирате тие напади.
Повторувањето на нападите не е добро ни за мозокот ни за телото. Ако нападите не престанат, можат да го нарушат функционирањето на мозокот на начин на кој може само да се зголеми бројот на напади во иднина. Исто така, лицата со неконтролирани напади многу почесто паѓаат и се повредуваат отколку лицата кај кои нападите престанале да се појавуваат. Возењето автомобил исто така не се препорачува се до потполното губење на нападите.
2. Не брборете.
Вашето медицинско досие е доверливо, па информациите кои ги добивате, чувајте ги за себе. Не ги ширете добиените информации со луѓе кои не се на никаков начин поврзани со медицината. Еднаш штом ја раширите веста, веке немате контрола како таа се употребува или злоупотребува. За жал, некои луѓе сеуште имаат предрасуди во врска со епилепсијата. Не им давајте повод да Ви се мешаат во животот.
3. Не лажете.
Доколку лицата за кои е неопходно да знаат дека имате епилепсија, мора да им ја кажете вистината, иако не треба да ги опишувате сите детали кои можеби се и непотребни да се соопштат. Луѓето кои "мора да знаат" се Вашиот работодавец, осигурателот и Управата за Издавање Возачка Дозвола.
Ова се неколку примери поради кои не смеете да лажете: Претпоставете дека сте возач на автомобил кој доживува сообраќајна несреќа. Доколку сте ја сокриле вистината од Вашата компанија за осигурување дека имате епилепсија, компанијата може да не Ви го исплати обештетувањето кое Ви следува, било дали во тој момент сте имале напад или не!
Олеснителна околност може да претставува доколку сте имале само еден напад во животот, па е медицински исправно да кажете дека немате епилепсија. Потребни се минимум два напади за да може да се каже дека едно лице има епилепсија.
4. Редовно пијте ги лековите.
И најдобриот лек на светот не дејствува ако не го земате редовно. Необично ми е жал за оние луѓе кои мора да пијат лекови за спречување на нападите. Кога јас нема да се напијам антихистамин, единствената последица со која ќе се соочам е течење на носот, меѓутоа лицата кои нема да се напијат лек против напади можат да ја платат таквата немарност со појава на неочекуван напад.
Секако, човечко суштество сте, нормално е дека некогаш ќе заборавите да се напиете лек. Во тој случај консултирајте се со лекар кои чекори треба да ги преземете.
5. Не се опседнувајте со количината на лекарства во крвта.
Не мешајте средство со цел. Целта е да немате напади ни секундарни ефекти, а не да одите нон-стоп на лабораториски тестирања. Во одредени случаи, количеството на лекарства во крвта може да биде корисно средство, меѓуоа напати пациентот или лекарот или обајцата, се опседнуваат со тие податоци и ја губат перцепцијата за крајната цел.
Еден професор по неврологија дал добро резиме: "Да се контролира напад со набљудување на количеството на лекарства во крвта е како да се вози автомобил и да е гледа само во брзинометарот. Некогаш е добро да се свртите напред и да видите каде одите!"
Опсесијата со количеството на лекарства во крвта може да доведе и до тажни последици. На пример, доколку количеството на лекарство падне во рамките на очекуваниот дијапазон при лабораторискиот тест, пациентот и лекарот би можеле да изведат заклучок дека се што беше во рамките на човечките можности се направи. Но ако пациентот сеуште има напади, мора уште да се работи на случајот.
Исто така е лошо доколку пациентот и лекарот претпостават дека количеството на лек во крвта надвор од "нормалниот дијапазон" е лошо. Некои пациенти можеби најдобро функционираат со повисоко количество на лек во крвта од она што е лабораториски утврдено, или обратно, подобро се чувствуваат со помало количество на лек од пропишаното. Лабораториски добиениот дијапазон е само релатвно мерило.
6. Водење сметка за времето на секојдневните активности.
Знам дека сте живо и динамично човечко суштество. Меѓутоа напати во Ваш интерес би било да си замислите дека Вие сте една здодевна личност, која се буди во исто време наутро и во исто време заспива навечер. Непридржување во биоритмот на спиење придонесува кон почесто појавување на нападите. На пример, еден човек кој ми е пациент никогаш не успеа целосно да ги контролира нападите додека се будеше и заспиваше во различно време, а воспостави совршена контрола кога започна да го применува горенаведениот совет.
7. Водете запис за нападите.
Во процесот на одредување на соодветен третман кој ќе овозможи целосна контрола врз нападите, мора да водите беспрекорно досие на бројот на нападите и нивното времетреање, што претставува одлично средство во проценката дали сте на правиот пат или не. Жените треба го запишуваат и менструалниот период. Напати може да постои поврзаност помеѓу нападите и менструалниот циклус.
8. Разговарајте со лекарот.
И најпаметните лекари на светот не можат да ги решат проблемите за чие постоење не знаат. Доколку сеуште имате напади или секундарни ефекти од лекарствата против напади, имате големи шанси Вашиот лекар да се погрижи за нив ако му ги соопштите. Советот кој ќе го добиете ќе Ви помогне подобро да го искористите времето, отколку да чекате да дојде следниот закажан преглед за да му ги соопштите.
9. Консултирајте се со Вашиот лекар околу бременоста.
Доколку планирате да останете бремени, тогаш е вистинско време најпрво тоа да му го соопштите на лекарот. Можеби ќе биде потребна промена на лековите кои ги пиете. Ако сте бремени, ваквата опција веке не доаѓа во предвид. Во секој случај, Вие или било која жена која може да забремени треба да пие барем 800 микрограма (0.8 милиграма) фолна киселина (позната и како фолат) на ден за да ги сведете на минимум оштетувањата кај фетусот. Штом дознаете дека сте бремени, можеби веке сте го пропуштиле периодот во кој користењето на фолната киселина било најпотребно. Редовното пиење на оваа киселина е најдобриот тек на настаните.
10. Целта е нула напади и нула секундарни ефекти.
Да, знам дека се повторувам, но тоа е толку важно!
(C) 2005 од Гери Кордингли
Д-р Гери Кордингли, клинички невролог, професор и научник. За повеке написи поврзани со здравјето отворете ја оваа веб страница: http://www.cordingleyneurology.com
Извор на Написот: http://EzineArticles.com/