ХРОНИЧНА ОПСТРУКТИВНА ПУЛМОНАЛНА БОЛЕСТ
Хронична опструктивна пулмонална болест (ЦОПД) е бавно прогредирачко заболување на дишните патишта кое се карактеризира со постепен губиток на функцијата на белите дробови. Во САД, терминот ЦОПД вклучува хроничен бронхит, хроничен опструктивен бронхит или емфизем, или комбинација на овие состојби. Претставува четврта по зачестеност причина за смрт во САД.
Симптомите на ЦОПД можат да варираат од хронична кашлица и искашлување на исплувок, до тешко оневозможувачко снемување здив. Кај некои лица, хронична кашлица и искашлување на исплувок се први знаци дека постои ризик да развијат опструкција на дишните патишта и останување без здив како карактеристики на ЦОПД. Кај други, останување без здив може да биде прв показател на болеста.
Во САД, далеку најважен фактор за ЦОПД е пушењето. Луле, цигари, други видови пушење тутун, како и пасивно изложување на тутунскиот чад се исто така ризични фактори. Други документирани причини за ЦОПД вклучуваат професионално изложување на прав и хемикалии.
Надворешното загадување на воздухот е дополнителен елемент на вкупната количина вдишани честички во белите дробови, но неговата улога во предизвикување ЦОПД не е со сигурност прифатена. Највачна мерка за превенција од ЦОПД и запирање на напредокот на болеста е прекинување на пушењето.
Дијагнозата на ЦОПД се потврдува со постоење на опструкција на дишните патишта при спирометриско тестирање. Засега, нема познат лек за ЦОПД. Терапијата е воглавно супортивна и намената да се ублажат симптомие и да се подобри квалитетот на животот.
Со продолжено изложување на цигари или штетни честички, болеста напредува и лицата со ЦОПД се повеке ја губат способноста да дишат. Акутни инфекции или одредени временски услови можат привремено да ги влошат симптомите (егзацербации) при што понекогаш може да биде потребна хоспитализација.
Преваленца
12,1 милион возрасни постари од 25 години се пријавени како болни од ЦОПД во 2001 година.
Околу 24 милиони возрасни имаат докажано нарушена белодробна функција која укажува дека постои латентен ЦОПД.
Преваленцата на само-пријавени случаи на ЦОПД е повисока кај жени отколку кај мажи, и кај белци отколку кај црнци.
Смртност
Околу 119 000 возрасни над 25 години старост умреле од ЦОПД во 2000 година.
Додека смртноста од ЦОПД кај жение се зголеми повеке од двојно помеѓу 1980 и 2000 година, и бројот на смртни случаи кај жените го надмина тој кај мажите во 2000 година, вкупната смртност од ЦОПД соодветно на возраста во 2000 година останува поголема кај мажите. Таа е за околу 46% повисока кај мажите отколку кај жените и 63% е повисока кај белците отколку кај црнците.
Итни домашни посети и хоспитализации
Околу 1,5 милиони итни домашни посети кај возрасни над 25 години старост биле извршени кај случаи на ЦОПД во 2000 година.
Повеке вакви посети биле кај возрасни жени отколку кај возрасни мажи. (898 000 наспроти 651 000).
Околу 726 000 хоспитализации на случаи со ЦОПД биле извршени во 2000 година. Повекето хоспитализирани случаи биле мажи (404 000 наспроти 322 000).
Трошоци
Вкупно проценети трошоци за ЦОПД во 2002 година биле 32.1 милијарди долари( 18 милијарди долари директни трошоци и 14.1 милијарди долари индиректни трошоци)
Национален Институт за срце, бели дробови и крв