close
Избери јазик

  • English
  • Macedonian
  • German formal - Sie
Top Panel
Language
Top Panel
  HOBO  
PDF Испечати Е-пошта

ЗЕГИН Големопродажба

Мисија
Основната дејност на Зегин големопродажба е внатрешна и надворешна трговија со лекови; помошни лековити средства; медицински помагала; диететски, макробиотски и козметички производи.
     

ImageГолемопродажбата ЗЕГИН е директен увозник на лекови. Затоа, во рамките на компанијата функционира одделение за регистрација на нови производи. Ова одделение е одговорно за регистрација на лекови и нивно пласирање во Република Македонија. Одделението исто така стои на располагање и за потребите на нашите партнери. Апликацијата за регистрација се врши во Бирото за лекови при Министерството за Здравје на Република Македонија.
Компанијата е една од најголемите и најуспешните големопродажници на лекови во Република Македонија, со најдобра инфраструктура и најшироко распространета дистрибутивна мрежа. За сите овие 17 години од основањето, компанијата успеа да опстои како лидер на македонскиот пазар, со пазарна вредност од 60%.

Соработува со 400 аптеки низ Републиката, со Клинички Центри и општи болници.