close
Избери јазик

  • English
  • Macedonian
  • German formal - Sie
Top Panel
Language
Top Panel
   
PDF Испечати Е-пошта
Стрес и Нервоза

Image

Нервоза
На секој од нас му е добро познато чувството на нервоза Пеперутки во стомакот пред првиот љубовен состанок, напнатоста која ја чувствувате кога шефот е лут, срцебиењето кога се наоѓате во опасност. Нервозата Ве поттикнува да дејствувате. Ве турка да се соочите со опасната ситуација. Ве тера да учите повеке пред испит и Ве држи на нозе додека одржувате говор. Се на се, Ви помаѓа да успеете.

Меѓутоа доколку имате вистински проблеми со нервозата, ова чувство кое во основа е позитивно и мотивирачко во овој случај може да ја одигра обратната функција може да Ви ги наруши животните навики и да внесе хаос во секојдневниот живот. Проблемите со нервозата не се само проблем со "нервите". Тоа е болест, често поврзана со функционирањето на биоритмот и животните прилики на секој човек, и многу често се пренесува и на останатите членови на семејството. Постојат повеке видови на проблеми со нервозата, секој од нив има свои сопствени карактеристики.

Кога имате проблем со нервозата обично сте нервозни цело време, без некоја посебна причина. Или пак, чувството на нервоза може да стане толку непријатно, што може да Ве спречи во извршувањето на секојдневните активности. Или пак, може да имате повремени напади на нервоза, меѓутоа толку интензивни и јаки што можат да Ве преплашат или да Ве остават без збор.

Проблемите со нервозата се вообичаена појава кај сите ментални болести. Во Националниот Институт за Ментално Здравје (НИМХ), Федералната агенција која спроведува и поддржува истражувања поврзани со менталните нарушувања, менталното здравје и мозокот, научниците учат се повеке и повеке за природата на нервозата, причините поради кои се појавува и како да се излечи таквото нарушување. НИМХ исто така спроведува образовни и далекусежни активности во врска со проблемите со нервозата и други ментални болести.

Многу луѓе ги мешаат овие нарушувања и сметаат дека лицата можат да ги надминат овие потешкотии со добар сон. Симптомите не се губат само затоа што Вие тоа го сакате меѓутоа постојат третмани кои можат да помогнат.



Image

Anxiety Treatment/Третман за Нервоза
Постојат повеке пристапи кои се справуваат со проблемите со нервозата. Оваа болест различно се манифестира кај различно лице, па според тоа постои и различен третман за секое лице. Консултитрајте се со Вашиот лекар во врска со третманот кој најдобро би одговарал во Вашиот случеј.

Терапија околу Однесувањето
Целта на оваа терапија е да им помогне на лицата да го поправат и да го контролираат однесувањето. Лицата се учат како да се справат со непријатните ситуации, кои настануваат често во секојдневниот живот и мора да се разрешат мирно и без непотребни напади на нервоза. Единствената слаба страна на оваа терапија е што е потребно многу време за да се постигнат саканите резултати.

Когнитивна терапија
Целта на когнитивната терапија е да се смени текот на непродуктивните мисли. Лицата при оваа терапија ќе научат да ги проценуваат сопствените чувства и во тој процес ќе научат да ги одвојуваат продуктивните од непродуктивните мисли.

Медицински препарати
Целта на медицинските препарати е да се намалат симптомите на нервоза на конвенционален начин. Со употреба на лекови нарушената рамнотежа на хемиските супстанции во организмот ќе се врати во нормала и со тоа ќе се намалат симптомите на нервоза. Слабата страна на оваа терапија е што лековите можат да имаат секундарни ефекти и придобивките од оваа терапија можат да се сведат само на постојано користење на лекови за смирување.

Техники за релаксирање
Целта на овие техники е да ги опуштат и смират лицата и да ги доведат до стадиум во кој нема да чувствуваат симптоми на нервоза. Терапијата вклучува бројни техники како што е и вежбање на дишењето.



Помош при Депресија
Што е депресија?
Депресијата е болест која го напаѓа телото, расположението и мислите. Влијае на начинот на кој лицето јаде и спие, како се доживува себеси и што мисли за останатите луѓе. Депресијата не може да се поистоветува со чувството на тага. Не е знак на лична слебост или состојба која може да се изгуби ако тоа го посакаме. Лицата кои страдаат од депресија не можат едноставно да "се приберат" и да се излечат. Без третман, симптомите можат да потраат и со недели, месеци или години. Соодветниот третман против депресија, може да им помогне на најголемиот дел од луѓето кои страдаат од депресија.

Image

Видови на Депресија
Депресијата се појавува во повеке облици, како што тоа е случај со другите болести и срцевите нарушувања. Овој текст накратко објаснува три најчести облици на депресија. Во секој случај, во рамките на овие три облици се појавуваат многу симптоми, варира нивниот интензитет и времетраење.

Големата депресија
се манифестира со сплет од симптоми (види ја листата на симптоми) кои го оневозможуваат лицето да работи, учи, јаде и да ужива во оние активности кои дотогаш му биле пријатни. Ваков облик на депресија обично се појавува еднаш во животот, меѓутоа можно е да се повтори и повеке пати.
Полесен облик на депресија, дистимија, се манифестира со долготрајни, хронични симптоми кои не го оневозможуваат лицето на начин како претходниот облик, туку го спречуваат да функционира добро или да се чувствува добро. Многу лица кои страдаат од дистимија исто така, во одреден период од животот имаат напади на депресивно расположение.
Друг облик на депресија е биполарното нарушување, исто така познато како манијакално-депресивна болест. Бидејки не е ни приближно толку интензивна како претходните два облици на депресија, биполарното нарушување се карактеризира со циклични промени на расположение: интензивни подеми во расположението (манија) и падови (депресија). Напати промените во расположението се мануваат драстично и одеднаш, меѓутоа обично промената се случува постепено. Кога настапува депресивното расположение, лицето манифестира некои или сите симптоми карактеристични за депресијата. Кога е во циклусот на манија, лицето станува хиперактивно и зборлесто и има голема енергија. Маничното распоожение често влијае на размислувањето, проценката и однесувањето во друштво, што негативно се одразува и причинува сериозни проблеми. На пример, лицето во манијакална фаза може да се чувствува инспиративно, полно со нереални планови кои се протегаат од бесмислени деловни зделки до напади на романтично расположение. Манијата, доколку не се преземе ништо, може да предизвика влошување на психичката состојба на лицето..

Симптоми на Депресија и Манија
Секое лице кое страда од депресија или манија мора да ги има сите карактеристични симптоми. Некои лица ги манифестираат сите симптоми, некои повекето од нив. Интензитетот на симптомите варира кај различни лица и исто така варира и во различни периоди.

Депресија

  • Постојано тажно, напнато или "празно" чувство
  • Чувство на безнадежност, песимизам
  • Чувство на вина, безвредност, беспомошност
  • Губење на интерес или желба за хобијата и активностите кои некогаш буделе голем интерес, вклучувајки ја и желбата за секс
  • Недостаток на енергија, замор, "инертност"
  • Потешкотии при концентрација, помнење, донесување на одлуки
  • Несоница, будење рано наутро или спиење до доцна
  • Губење на апетит и/или тежина или прејадување и зголемување на телесна тежина
  • Размислување за смрт или самоубиство; обиди за самоубиство
  • Немир, нервоза
  • Постојани, физички симптоми кои не се лекуваат со третман како што се главоболка, проблеми со варењето и хронична болка

Манија

  • Абнормален или претеран елан
  • Атипична склоност кон нервоза
  • Грандиозни изјави
  • Зголемена зборливост
  • Неповрзани мисли
  • Зголемен сексуален нагон
  • Невообичаено голема енергичност
  • Лошо расудување
  • Недолично однесување во јавност

Причини за Депресијата
Некои облици на депресија се наследни, што укажува на биолошка предиспозиција за наследување на тој облик на депресија. Се чини дека ова е карактеристично за биполарното нарушување. Проучувања на семејства во кои од секоја генерација има лице заболено од биполарно нарушување укажале на фактот дека оние лица кои страдаат од ова нарушување имаат малку поинаква генетска структура од оние кај кои не настанало ова нарушување. Во секој случај, обратното е неточно: Не секој кој ја има генетската структура подложна на оваа болест може да добие биполарно нарушување. Секако дека постојат и дополнителни фактори, како што е стресот дома, на работното место или во училиштето, кои многу придонесуваат за појавата на ова нарушување.

Кај некои семејства, големата депресија може да се манифестира во секоја генерација. Меѓутоа, може да се појави и кај лица кај кои не постои семејна историја на болеста. Било да е наследна или не, ова нарушување често се поврзува со промена во мозочните структури или функционирањето на мозокот.

Лицата кои имаат низок степен на самопочитување, кои постојано се гледаат самите себеси и целиот свет низ песимистична призма и кои лесно ги обзема чувство на стрес се подложни на депресија. Дали овде се крие психолошка предиспозиција или тоа претставува ран облик на болеста не може да се каже со прецизност.

Во последните години, истражувачите откриле физички промени во организмот придружени со ментални промени. Медицинските болести, како што е мозочниот удар, инфарктот, туморот, Паркинсоновата болест и хормонални нарушувања, можат да предизвикаат депресија, при која болното лице станува апатично и нема волја да продолжи со своите секојдневни активности, со што го забавува периодот на закрепнување.Исто така, сериозна загуба, тешка врска, финансиски проблем или било каква друга стресна (несакана, па дури и сакана) промена во животните навики може да биде причинител на депресија. Многу често, сплет од генетски, психолошки и надворешни фактори можат да влијаат на појавата и текот на депресијата. Подоцнежнитте епизоди на болеста обично се манифестираат со благи стресови или не се манифестираат воопшто.

Третман против Депресија
Првиот чекор кон најсоодветниот третман против депресија е физичкиот преглед на пациентот. Некои лекарства или здравствени состојби како што е некаква вирусна инфекција може да предизвикаат симптоми слични на оние кај депресијата, па со таа цел лекарот мора да ја отфрли таквата веројатност преку преглед, разговор или лабораториски испитувања. Откога ќе се исфрли можноста дека лекарствата ја предизвикале депресијата, се пристапува кон психијатриска проценка на состојбата, или од страна на општиот лекар или од психијатар или психолог.
Добрата дијагностичка проценка ја вклучува целата историја на симптомите, кога започнале да се манифестираат, колку долго траат, со каков интензитет, дали пациентот веке ги имал или се појавуваат за прв пат и доколку не, дали симптомите на депресија биле лекувани во претходниот случај и каков третман се применувал. Лекарот мора да се информира дали пациентот е уживател на дрога или алкохол и дали размислува за смрт или самоубиство. Историјата на болеста треба да содржи информации дали останатите членови на семејството имале проблеми со депресијата и доколку веке биле лекувани, какви третмани биле применувани и дали истите се покажале како ефикасни.

Најпосле, дијагностичката проценка треба да вклучува и проценка на менталната состојба за да се одреди дали говорот и помнењето на пациентот се во ред, бидејки некогаш манијакално-депресивната болест ги опфаќа и тие структури кај пациентот.

Изборот на соодветен третман против депресија ќе зависи од резултатите од проценката. Има многу лекови против депресија и псхиотерапии кои исто така се применуваат во борбата против депресијата. Некои луѓе кои страдаат од поблаг облик на депресија можат да се излечат само со помош на психотерапија. Лицата кои страдаат од потежок облик на депресија најчесто употребуваат антидепресиви. Најголемиот дел од пациентите применуваат комбиниран третман: лекови кои овозможуваат релативно брзо ослободување од напнатоста и психотерапија преку која осознаваат поефикасни начини за справување со животните проблеми, вклучувајки ја и депресијата. Во зависност од дијагнозата на пациентот и интензитетот на симптомите, терапевтот може да препише лек и/или еден од многуте начини на психотерапија кој се покажал како најефикасен против депресијата.

Како самите да си помогнете во борбата против депресијата?
Депресијата создава чувство на исцрпеност, безвредност, беспомошност и безнадежност. Ваквите негативни мисли и чувства ги тераат некои луѓе да се предадат предвреме. Важно е да се свати дека ваквите негативни гледишта се дел од депресијата и воглавно не ги одразуваат вистинските услови. Негативните мисли исчезнуваат како што напредува третманот против депресијата. Во меѓувреме:

  • Поставете си реални цели во тек на депресијата и преземете одреден степен на одговорност во исполнување на тие цели.
  • Поделете ги покрупните задачи на повеке помали, одредете ги приоритетните и обидете се да ги исполните најдобро што умеете.
  • Обидете се да бидете со луѓе и да верувате некому; подобро е отколку да бидете сами.
  • Учествувајте во активности кои Ви помагаат да се чувствувате подобро.
  • Блага вежба, одење во кино, на натпревар или учествување во религиозни, културни или друг вид на активности може многу да помогне.
  • Очекувајте расположението да започне да се подобрува постепено, не одеднаш. И за тоа е потребно време.
  • Препорачливо е да одложите донесување на важни одлуки за времетраењето на депресијата. Пред да направите било каква важна промена-промена на работното места, стапување во брак или барање развод-разговарајте со други лица кои добро Ве познаваат и согледајте ја ситуацијата на пообјективен начин.
  • Луѓето ретко се "будат" од депресијата. Меѓутоа многу често нивната ситуација постепено се подобрува од ден во ден.
  • Запомнете, позитивното размислување ќе го замени негативното кое е дел од депресијата и постепено ќе исчезнува како што треманот против депресија ќе рефлектира позитивни резултати.
  • Дозволете му на семејството и на пријателите да Ви помогнат.

Како Семејството и Пријателите Можат да му Помогнат на Лице во Депресија
Најважната работа која некој може да ја стори за лице во депресија е да му помогне при одредување на соодветна дијагноза и третман. Овој процес вклучува охрабрување на лицето да го издржи третманот се додека симптомите не започнат да се губат (неколку недели), или да бара промена на третманот доколку не дојде до никакво подобрување. Напати, тоа вклучува и закажување на состанок и придружување на лицето на лекар.

Исто така вклучува и контролоирање дали лицето во депресија редовно ги зема лековите. Лицето во депресија мора да ги следи упатствата на лекарот во поглед на употребата на алкохолни пијалоци додека ги пие лековите. Втората најважна работа е да му се понуди целосна поддршка на пациентот. Тоа подразбира разбирање, трпеливост, нежност и охрабрување. Наведувајте го лицето на разговор и слушајте го внимателно.

Не ги потценувајте чувствата кои Ви ги доверува, меѓутоа укажувајте му на реалниот аспект од нив и дајте му надеж. Не ги игнорирајте мислите поврзани со самоубиство. Кажете му ги на неговиот терапевт. Носете го пациентот на прошетки, излети, на кино или на други рекреативни места. Благо инсистирајте доколку Ве одбие. Охрабрувајте го повторно да се занимава со оние активности во кои порано уживал, како што е неговото омилено хоби, спорт, религиозни или културни активности, меѓутоа не го присилувајте да ги прави сите тие работи одеднаш. Лицето во депресија има потреба од разонода и друштво, меѓутоа ако од него се бара премногу за многу кратко време може кај него да создаде чувствl