close
Избери јазик

  • English
  • Macedonian
  • German formal - Sie
Top Panel
Language
Top Panel
  HOBO  
PDF Испечати Е-пошта
Поздравен говор на Основачот

Image Многу сум горд на фактот што фирмата ЗЕГИН претставува еден од потпорните столбови на македонскиот фармацевтски систем повеке од 22 години.
Ја започнавме нашата дејност како прва фирма за големопродажба на лекови на просторите на поранешна Југославија, со сопствени средства, опрема и персонал. За сите овие години откако постоиме, купувачите секогаш претставувале приоритет во нашето работење, и за кои создадовме препознатлив имиџ на компанија која нуди најдостапни цени, широк асортиман и професионално однесување на нашите вработени, односно успеавме да станеме лидер во фармацевтскиот сектор, што пак од друга страна не обврзува постојано да се подобруваме за доброто на целокупниот  фармацевтски сектор.

ImageДенес ЗЕГИН претставува една од најуспешните компании во Македонија. Ако се земе во предвид консолидираниот промет кој го остваривме, тогаш може да се каже дека сме една од 20 најуспешни компании во Македонија. Таквиот квалитет кој го поседуваме не помина незабележано од страна на странските инвеститори кои, неодамна ја рекапитализираа нашата компанија. Од тој момент ЗЕГИН стана дел од мултинационална компанија чиишто планови за идните потфати одат подалеку од границите на Република Македонија.

Компанијата ги проширува своите деловни интереси и на другите полиња на економијата. За таа цел, би сакал искрено да им се заблагодарам на нашите верни потрошувачи и лојални партнери за нивната досегашна соработка, со надеж дека таквиот партнерски и пријателски однос ќе продолжи и во иднина.

Моето мото е :
Еднаш со ЗЕГИНОВ лек, пријатели за на век!